Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на увезените автомобили и автоделови ги потресе производителите ширум светот, а според Илон Муск, исто така, штети очекува и неговата „Tesla“.

Според одлуката на американскиот претседател, царините за увоз на автомобили треба да стапат на сила на почетокот на април, а оние за увоз на автоделови најдоцна до почетокот на мај. Увозниците ќе можат да добијат сертификат според одредбите на трговскиот договор САД-Канада-Мексико (USMCA) за да плаќаат давачки само за делови увезени од странство, соопшти Белата куќа.

Царините треба да ги поттикнат производителите на автомобили да ги зголемат инвестициите во САД, наместо во Канада и Мексико, повтори Трамп во средата.

На почетокот на март, Вашингтон воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада, со едномесечно одложување на давачката за возилата произведени според условите на договорот USMCA. Новите одредби не го продолжија тоа одложување.

Повеќето северноамерикански производители на автомобили ги уживаа придобивките од слободната трговија од 1994 година и склучувањето на договорот NAFTA. Во 2020 година, договорот на Трамп со Мексико и Канада – USMCA, постави нови правила за поттикнување на регионалното производство.

Во 2024 година, речиси половина од продадените автомобили во САД дошле од други земји, според податоците на истражувачката компанија GlobalData.

Царините ќе ги зголемат трошоците за производство и продажба на автомобили во САД и на крајот ќе значат повисоки цени, потесен избор за потрошувачите и помалку работни места во производството во САД, соопшти здружението Autos Drive America, кое ги претставува водечките странски производители на автомобили како што се „Honda“, „Hyundai“, „Toyota“ и „Volkswagen“.

Последиците ќе ги почувствува и „Tesla“, објави на Х блискиот соработник на претседателот Трмп, милијардерот Илон Маск сопственик на американскиот производител на електрични автомобили по објавата на Белата куќа.

„Царините ќе влијаат на цената на деловите за автомобили ‘Tesla’ што се испорачуваат од други земји. Влијанието врз трошоците нема да биде тривијално“, објасни Маск во друга објава.

Од „Tesla“ не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар на објавата на Маск.

Синдикатот на работниците во автомобилската индустрија United Auto Workers, пак, ја пофали одлуката на Трамп.

„Царините би можеле да вратат илјадници добро платени работни места за автомобили на работничката класа во Соединетите држави во рок од неколку месеци, едноставно со додавање на смени или линии во бројни недоволно искористени погони за автомобили“, рече претседателот на UAW, Шон Фејн.

globe

Слични новости

Светските берзи драстично паднаа, по најавата на Трамп за царини на увозот на автомобили

Светските берзи драстично паднаа, по најавата на Трамп за царини на увозот на автомобили

Цените на акциите на светските берзи драстично паднаа минатата седмица, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на трговската војна, откако Вашингтон објави царини за увоз на автомобили, а голем број земји се заканија со контрамерки

Доларот ослабе во однос на кошничката валути, инвеститорите претпазливи

Доларот ослабе во однос на кошничката валути, инвеститорите претпазливи

На пазарите на валути се тргуваше претпазливо минатата седмица, бидејќи ризикот од ескалација на цаинската војна меѓу САД и другите најголеми светски економии значително се зголеми, па курсевите на валутуте не осцилираа значително