Две лица загинаа откако се прегазени од автобус со украинска регистрација во близина на Мало Трново, а многу други се повредени, пренесуваат бугарските медиуми.

 Според првичните извештаи, возилото се застанало на патот откако останало без гориво. Поради што луѓето кои биле во автобусот излегле надвор од него, но одеднаш автобусот тргнал наназад и прегазил некои од патниците, па се превртел. повредени се 16 луѓе.

Шест луѓе се префрлени во болниците во Бургас, а 10 однесени во Ургентниот центар во Мало Трново. Останатите патници од групата привремено се сместени во Дневниот центар во пограничниот град.

Според списокот, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, сите украински државјани.

 

 

Слични новости

Мерц: Потезите на Трамп се опасна ескалација со неизвесен исход

Мерц: Потезите на Трамп се опасна ескалација со неизвесен исход

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.