Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доживуваат „сензационална“ продажба, соопшти нејзиниот издавач во саботата, два месеца по објавувањето на книгата.
„Сè уште продаваме околу 12.000 примероци седмично, што е сензационално“, вели Керстин Глеба од издавачката куќа „Kiepenheuer & Witsch“.
Во автобиографијата насловена „Слобода: Мемоари 1954 – 2021 година“, првата германска канцеларка во историјата на земјата на 736 страници ги изложи своите размислувања за животот и нејзините 16 години на функција.
Изданието со тврд повез, кое е преведено на англиски и на други јазици, чини високо 42 евра. Околу една третина од читателите се под 40 години, објави издавачот, а многу млади присуствуваат и на организираните потпишувања на примероците.
„Беше многу важно за нас и за авторот да допреме до младата публика. Мислам дека книгата може да им понуди нешто и на луѓето кои не се толку запознаени со политичката сцена, поради посебната животна приказна на Ангела Меркел“, додаде Глеба.
Рече и дека 600.000 примероци од книгата биле продадени во Германија до католички Божик, додека 40.000 биле продадени во Велика Британија во првите неколку седмици од продажбата и уште 25.000 во САД.
Слични новости
Мона Лиза ќе добие сопствена соба во Лувр додека музејот се реновира
Прославеното дело „Мона Лиза“ ќе добие своја нова просторија во прочуениот музеј на уметноста Лувр во Париз, што ќе овозможи уште подобро да им биде прикажана на посетителите
Човештвото најблиску до уништувањето
Часовникот на Судниот ден, кој симболизира колку е блиску човештвото до уништувањето, е поместен за една секунда нанапред до 89 секунди до полноќ, најблиску од кога и да е досега
Кина влезе во годината на змијата
За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места