Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доживуваат „сензационална“ продажба, соопшти нејзиниот издавач во саботата, два месеца по објавувањето на книгата.

„Сè уште продаваме околу 12.000 примероци седмично, што е сензационално“, вели Керстин Глеба од издавачката куќа „Kiepenheuer & Witsch“.

Во автобиографијата насловена „Слобода: Мемоари 1954 – 2021 година“, првата германска канцеларка во историјата на земјата на 736 страници ги изложи своите размислувања за животот и нејзините 16 години на функција.

Изданието со тврд повез, кое е преведено на англиски и на други јазици, чини високо 42 евра. Околу една третина од читателите се под 40 години, објави издавачот, а многу млади присуствуваат и на организираните потпишувања на примероците.

„Беше многу важно за нас и за авторот да допреме до младата публика. Мислам дека книгата може да им понуди нешто и на луѓето кои не се толку запознаени со политичката сцена, поради посебната животна приказна на Ангела Меркел“, додаде Глеба.

Рече и дека 600.000 примероци од книгата биле продадени во Германија до католички Божик, додека 40.000 биле продадени во Велика Британија во првите неколку седмици од продажбата и уште 25.000 во САД.

globe

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти