Дури и 200 години по раѓањето на австрискиот „крал на валцерот“ Јохан Штраус помладиот, кој бил популарен како модерна поп-ѕвезда за време на неговиот живот, неговата музика не изгуби ни грам од својата магија.

Иако тој е најпознат по неговиот валцер „На прекрасниот син Дунав“, кој стана неофицијална национална химна на Австрија, тоа е само едно од неговите 500 танцови дела што сè уште живеат во сезоната на балови во Виена.

Трајната популарност на Штраус лежи во заразните песни што ги компонирал за да ги развесели луѓето, изјави неговиот прапра-внук Едуард Штраус за AFP.

„Тој едноставно создаде музика која ги допира сите“, рече тој.

Но, неговата слава е многу повеќе од неговите хитови. Исто како и денес, продажбата на музика тогаш се потпираше на маркетинг и развој на бренд.

„Може да се каже дека тој всушност беше првата поп-ѕвезда во модерна смисла“, рече водич на музејот Штраус, Клара Кауфман.

Виена ја одбележува двeстогодишнината со специјални настани, концерти и изложби, па дури и со авион на „Austrian Airlines“ со портрет на Штраус и неговата виолина.

globe

Слични новости

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба