Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (FPÖ) во средата објави дека пропаднале преговорите за формирање владејачка коалиција со конзервативната Народна партија (ÖVP).
Разговорите со денови се водеа во несигурна атмосфера, бидејќи и двете партии се обидуваа да ги наметнат сопствените ставови по низа прашања, од надворешната политика до распределбата на министерствата.

Поминаа повеќе од 130 дена од парламентарните избори во Австрија во септември без формирање влада, што е рекорд за земјата. Крајно десничарската партија на изборите во септември освои околу 29 отсто од гласовите, а анкетите покажуваат дека оттогаш нејзината популарност пораснала и дека побегнала за 10 процентни поени од ÖVP и социјалдемократите.
Претседателот Александар Ван дер Белен, по обидите да се состави влада без крајната десница, беше принуден во јануари да го задолжи Херберт Кикл, лидер на антиимигрантската и евроскептична партија FPÖ, да формира влада откако партијата постигна релативна победа на изборите во септември.
Ако беше постигнат договор за коалиција, Кикл ќе беше првиот австралиски канцелар кој додаѓа од редовите на крајната десница.
Кикл го информираше во средата претседателот дека преговорите се прекинати и го врати мандатот за формирање влада, објави неговата партија. Иако FPÖ му излезе пресрет на ÖVP во многу точки, „на наше жалење, преговорите на крајот не беа крунисани со успех“, рече Кикл во писмото до Ван дер Белен.
Слични новости
Русија и Украина ќе ги прекинат воените дејствија во Црното Море, соопшти Белата куќа
Русија и Украина се согласија да ги прекинат воените дејствија во Црното Море, објави во вторникот Белата куќа, наведувајќи детали од разговорите одржани во Саудиска Арабија
ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина
Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите
Средба на воените команданти на Лондон и Париз пред преговорите за Украина
Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на седмицата којашто ќе ја одбележат дополнителни разговори за плановите за мировната мисија во Украина