Годишната стапка на инфлација во Австрија, според прелиминарните податоци, во јануари падна од декемвриските 3,8 на 2 насто, што е најниско ниво во последните 13 месеци, објави денеска Заводотза статистика на Австрија.
Главните фактори кои придонесоа за забавување на инфлацијата се намалените цени на електричната енергија, гасот и горивото.
Клучната причина за големиот пад на инфлацијата е престанокот на таканаречениот базен ефект кај електричната енергија, пренесува виенскиот весник „Пресе“.
Секторот на енергетика во Австрија забележа пад на цените од 4,9 насто во однос на јануари минатата година, што само по себе ја намали вкупната стапка на инфлацијата за 1,2 процентни поени.
Слични новости
Бугарија целосно премина на евро
. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.
Пад на вредноста на акциите и нафтата на светските берзи
Азиските акции го претрпеа најголемиот дводневен пад од почетокот на април, предводени од технолошките компании, поради загриженост за процените и големите капитални вложувања поврзани со вештачка интелигенција.
Огромен пад на цените на златото и среброто, загриженост на берзите
Вредноста на среброто која во минатата година речиси беше удвоена, падна за 30 насто, што претставува најголем пад во еден ден на овој племенит метал од 1980-тата година.

