Годишната стапка на инфлација во Австрија, според прелиминарните податоци, во јануари падна од декемвриските 3,8 на 2 насто, што е најниско ниво во последните 13 месеци, објави денеска Заводотза статистика на Австрија.
Главните фактори кои придонесоа за забавување на инфлацијата се намалените цени на електричната енергија, гасот и горивото.
Клучната причина за големиот пад на инфлацијата е престанокот на таканаречениот базен ефект кај електричната енергија, пренесува виенскиот весник „Пресе“.
Секторот на енергетика во Австрија забележа пад на цените од 4,9 насто во однос на јануари минатата година, што само по себе ја намали вкупната стапка на инфлацијата за 1,2 процентни поени.
Слични новости
По осум години, ЕУ и Австралија со договор за слободна трговија
По осум години преговори, Европската Унија и Австралија ги финализираа разговорите за договор за слободна трговија, што отвора ново поглавје во економските односи меѓу Брисел и Канбера.
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.


