Патот за трипартиска коалиција на Народната партија, социјалдемократите и либералите во Австрија е отворен откако партиската база на либералната партија Neos на референдум во неделата одобри влез на нивната партија во коалициската влада.

„94,1 отсто од членовите на Neos кои гласаа гласаа за партијата да влезе во коалиција со Народната партија и социјалдемократите“, соопшти раководството на партијата Неос по референдумот, кој се спроведе дигитално.

Претседателката на партијата и најверојатно иден австриски министер за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер им се заблагодари на членовите на партијата за нивната поддршка за планот за приклучување кон коалицијата.

 

„Ова е навистина историски момент“, рече Мајнл-Рајзингер.

Австриската народна партија (ÖVP), Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) и либералниот Neos пред неколку дена претставија коалициски договор.

Новата влада, која ќе ја предводи лидерот на ÖVP, Кристијан Штокер, планира построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најавува континуитет во надворешната политика и политиката на ЕУ, што вклучува континуирана поддршка за Украина во одбраната од руската агресија.

ÖVP, SPÖ и Neos веќе преговараа за коалиција по изборите во септември, но преговорите пропаднаа во февруари поради несогласувањата меѓу SPÖ и Neos. Но, имајќи предвид дека анкетите покажуваат дека доколку се одржат повторни избори крајната десница ќе оствари уште подобри резулатит, овие партии сепак се согласија да создадат влада.

Потоа, мандатот за формирање влада го доби десничарската Партија на слободата на Австрија (FPÖ), која освои најмногу гласови на изборите во септември. FPÖ преговараше со ÖVP, но и овие преговори пропаднаа поради несогласувања околу поделбата на надлежностите.

Потоа, австрискиот претседател Александр ван дер Белен ги повика ÖVP, SPÖ и Neos повторно да седнат на преговарачка маса и да покажат поголема волја за компромис. Новата влада во понеделник треба да положи заклетва во парламентот.

globe

Слични новости

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина