Виенски Рапид официјално објави дека нивниот фудбалер, 35-годишниот Гвидо Бургшталер бил физички нападнат во центарот на Виена за време на викендот и се здобил со сериозни повреди на главата.
Непознат напаѓач го удрил австрискиот фудбалер, а тој при падот се здобил со тешка повреда на главата, вклучително и фрактура на черепот. Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци. Рапид не сподели дополнителни информации јавно, сакајќи да ја почитува приватноста на играчот.
Оваа сезона Бургшталер постигна два првенствени гола за Рапид, кој моментално е на третото место на табелата во Бундеслигата. Актуелниот шампион Штурм е прв со 36 бодови. Втората Виена Австрија има 33 бодови, а Рапид 28 бодови.
Во текот на кариерата Бургшталер забележа 26 настапи за австриската репрезентација и постигна два гола.
Слични новости
Евролига: Ѕвезда го победи Олимпијакос, дебакл на Пао кај Ефес
Во петокот вечета беа одиграни преостанатите четири натпревари од 15. коло во Евролигата, а моменталната состојба на табелата навестива возбудливо продолжение на сезоната, бидејќи многу екипи со изедначен квалитет конкурираат за плејофот
Рекордни приходи на Манчестер Сити
Ова е трета сезона по ред со рекордни приходи за клубот, но профитот е намален во споредба со минатата сезона
Вавринка доби покана за настап на Австралија Опен
Трикратниот победник на грен-слем турнири, Стен Вавринка доби специјална покана да игра на Австралија Опен, турнир на кој го имаше својот прв настап пред речиси 20 години