Виенски Рапид официјално објави дека нивниот фудбалер, 35-годишниот Гвидо Бургшталер бил физички нападнат во центарот на Виена за време на викендот и се здобил со сериозни повреди на главата.

Непознат напаѓач го удрил австрискиот фудбалер, а тој при падот се здобил со тешка повреда на главата, вклучително и фрактура на черепот. Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци. Рапид не сподели дополнителни информации јавно, сакајќи да ја почитува приватноста на играчот.

Оваа сезона Бургшталер постигна два првенствени гола за Рапид, кој моментално е на третото место на табелата во Бундеслигата. Актуелниот шампион Штурм е прв со 36 бодови. Втората Виена Австрија има 33 бодови, а Рапид 28 бодови.

Во текот на кариерата Бургшталер забележа 26 настапи за австриската репрезентација и постигна два гола.

globe

Слични новости

Премиер лига: Челзи два бода од Ливерпул, „петка“ на Тотенхем, Јунајтед славеше кај Сити

Премиер лига: Челзи два бода од Ливерпул, „петка“ на Тотенхем, Јунајтед славеше кај Сити

Челзи пред своите гледачи на „Стемфорд Бриџ“ го победи Брентфорд со 2:1, а Тотенхем со убедливи 5:0 победи на гостувањето кај Саутемптон, во последните два натпревара од неделната програма од 16. коло на англиската Премиер лига

Отпуштен менаџерот на Вулверхемптон

Отпуштен менаџерот на Вулверхемптон

Управата на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс му ја врачи оставката на менаџерот 41-годишниот Гери О’Нил по серијата лоши резултати

Чави, Ривалдо, Савиола, Роберто Карлос, Канаваро и Касиљас на збогување на Иниеста

Чави, Ривалдо, Савиола, Роберто Карлос, Канаваро и Касиљас на збогување на Иниеста

Два месеца откако објави во Барселона дека се повлекува во играчка пензија, легендата на шпанскиот фудбал Андрес Иниеста се збогуваше со својата богата играчка кариера во неделата во Токио на егзибиционен натпревар меѓу поранешните познати тимови Барселона и Реал Мадрид