Виенски Рапид официјално објави дека нивниот фудбалер, 35-годишниот Гвидо Бургшталер бил физички нападнат во центарот на Виена за време на викендот и се здобил со сериозни повреди на главата.
Непознат напаѓач го удрил австрискиот фудбалер, а тој при падот се здобил со тешка повреда на главата, вклучително и фрактура на черепот. Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци. Рапид не сподели дополнителни информации јавно, сакајќи да ја почитува приватноста на играчот.
Оваа сезона Бургшталер постигна два првенствени гола за Рапид, кој моментално е на третото место на табелата во Бундеслигата. Актуелниот шампион Штурм е прв со 36 бодови. Втората Виена Австрија има 33 бодови, а Рапид 28 бодови.
Во текот на кариерата Бургшталер забележа 26 настапи за австриската репрезентација и постигна два гола.
Слични новости
Саутемптон го смени главниот тренер Расел Мартин
Со само пет бода од 16 натпревари, Саутемптон е врзан на дното на табелата во Премиер лигата, а неделниот пораз на домашен терен (0:5) од Тотенхем му пресуди на Мартин
Нов домашен шок за Барселона
Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига
Серија А: Милан и Џенова одиграа без голови, Комо до победа над Рома со два гола во продолжението
Во последниот натпревар од 16. коло на италијанската Серија А во неделата, фудбалерите на Милан и Џенова одиграа дуел без голови на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.