Виенски Рапид официјално објави дека нивниот фудбалер, 35-годишниот Гвидо Бургшталер бил физички нападнат во центарот на Виена за време на викендот и се здобил со сериозни повреди на главата.
Непознат напаѓач го удрил австрискиот фудбалер, а тој при падот се здобил со тешка повреда на главата, вклучително и фрактура на черепот. Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци. Рапид не сподели дополнителни информации јавно, сакајќи да ја почитува приватноста на играчот.
Оваа сезона Бургшталер постигна два првенствени гола за Рапид, кој моментално е на третото место на табелата во Бундеслигата. Актуелниот шампион Штурм е прв со 36 бодови. Втората Виена Австрија има 33 бодови, а Рапид 28 бодови.
Во текот на кариерата Бургшталер забележа 26 настапи за австриската репрезентација и постигна два гола.
Слични новости
Бурнмаут и Вест Хем одиграа без победник
Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига
„Шестка“ на Интер во Рим
Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0
Преглед НБА лига: Победа на Далас над Голден Стејт, со рекордни „тројки“ на еден натпревар
Далас Маверикс синоќа на гостински терен ги победија Голден Стејт Вориорс со 143:133, а до победата ги предводеше Лука Дончиќ со 45 поени, 13 асистенции и 11 скока