Виенски Рапид официјално објави дека нивниот фудбалер, 35-годишниот Гвидо Бургшталер бил физички нападнат во центарот на Виена за време на викендот и се здобил со сериозни повреди на главата.
Непознат напаѓач го удрил австрискиот фудбалер, а тој при падот се здобил со тешка повреда на главата, вклучително и фрактура на черепот. Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци. Рапид не сподели дополнителни информации јавно, сакајќи да ја почитува приватноста на играчот.
Оваа сезона Бургшталер постигна два првенствени гола за Рапид, кој моментално е на третото место на табелата во Бундеслигата. Актуелниот шампион Штурм е прв со 36 бодови. Втората Виена Австрија има 33 бодови, а Рапид 28 бодови.
Во текот на кариерата Бургшталер забележа 26 настапи за австриската репрезентација и постигна два гола.
Слични новости
Евролига: Домашни порази на Партизан и Париз
Кошаркарите на Партизан во еден од најнеизвесните дуели на вечерта беа поразени на домашен паркет од екипата на Асвел со резултат 79:82 во 16. коло од Евролигата
FIFA The Best: Најдобар играч на Винисиус Жуниор, втор трофеј за Аитана Бонмати
Во изборот за оваа награда преку официјалниот онлајн портал на ФИФА учествуваа капитените и селекторите на репрезентациите, претставници на медиумите и навивачите, а секој од нив ги рангираше тројцата најдобри
Летонскиот кошаркар Тима се самоуби
Латвискиот кошаркар Јанис Тима се самоубил во вторникот во хотел во центарот на Москва, објави Евролигата