Австриската полиција уапси 15 лица во врска со злосторства од омраза врз хомосексуалци, соопшти во петокот полицијата. Полицијата наведува дека група мажи и жени наводно ги ограбувале и малтретирале нивните жртви. Во еден случај постои сомнение и за убиство во обид.
Инспекторите велат дека наводните сторители лажно ги обвиниле своите жртви за педофилија. „Ниту една од жртвите не е педофил“, тврдеше Јоаким Хубер, заменик началник на полицијата во сојузната покраина Штаерска.

Истражителот Мајкл Лонегер рече дека 15-те осомничени, 12 мажи и три жени, користеле лажни идентитети на социјалните мрежи за да намамат најмалку 17 луѓе, главно мажи, на изолирани локации. Неколку маскирани лица потоа ги нападнале жртвите, изјави истражителот. Делата беа снимени, а снимките биле споделивани на интернет.
Полицијата соопшти дека „сторителите станувале сè побрутални“. Инспекторите претпоставуваат дека бројот на жртви е значително поголем од регистрираниот.
Меѓу осомничените, на возраст меѓу 14 и 26 години, има 11 Австријци и по еден од државјани на Германија, Хрватска, Романија и Словачка. При претресите на домовите нашле навводно оружје и нацистички предмети.
Слични новости
Силен земјотрес ја погоди југоисточна Азија, урнати згради во Мјанмар
Силен земјотрес ја погоди во петокот југоисточна Азија, урнувајќи облакодер во изградба во тајландската престолнина Бангкок и згради во вториот по големина град во соседниот Мјанмар
Бела куќа: Украинците одредуваат кој управува со Украина
Управувањето со Украина е определено од нејзиниот устав и народот на земјата, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, на прашањето за неговата реакција на рускиот претседател Владимир Путин во изјавата на рускиот претседател
Маск најави завршување на планираните кратења на федералните трошоци за неколку седмици
Технолошкиот милијардер Илон Маск, кој беше ангажиран од американскиот претседател Доналд Трамп за да ја намали државната администрација, изјави во четвртокот дека најголемиот дел од работата за намалување на сојузната потрошувачка за трилион долари ќе биде завршена до крајот на неговиот мандат, односно за 64 дена