Австриската полиција уапси 15 лица во врска со злосторства од омраза врз хомосексуалци, соопшти во петокот полицијата. Полицијата наведува дека група мажи и жени наводно ги ограбувале и малтретирале нивните жртви. Во еден случај постои сомнение и за убиство во обид.
Инспекторите велат дека наводните сторители лажно ги обвиниле своите жртви за педофилија. „Ниту една од жртвите не е педофил“, тврдеше Јоаким Хубер, заменик началник на полицијата во сојузната покраина Штаерска.

Истражителот Мајкл Лонегер рече дека 15-те осомничени, 12 мажи и три жени, користеле лажни идентитети на социјалните мрежи за да намамат најмалку 17 луѓе, главно мажи, на изолирани локации. Неколку маскирани лица потоа ги нападнале жртвите, изјави истражителот. Делата беа снимени, а снимките биле споделивани на интернет.
Полицијата соопшти дека „сторителите станувале сè побрутални“. Инспекторите претпоставуваат дека бројот на жртви е значително поголем од регистрираниот.
Меѓу осомничените, на возраст меѓу 14 и 26 години, има 11 Австријци и по еден од државјани на Германија, Хрватска, Романија и Словачка. При претресите на домовите нашле навводно оружје и нацистички предмети.
Слични новости
Руте: Четворица американски војници загинаа на вежба во Литванија
Четворица американски војници загинаа за време на вежби во Литванија, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за време на посетата на Варшава
Лавров ги потврди разговорите со САД за гасоводот „Северен тек“
Во тек се разговори меѓу Русија и САД за гасоводот Северен тек што ја поврзува Русија со Германија под Балтичкото Море, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за руската државна телевизија
Европска комисија препорачува: Обезбедете залихи за најмалку три дена
Европската комисија во средата ја претстави стратегијата за подготвеност на Европската унија за природни катастрофи, кибернетички напади, геополитички кризи и ги повика граѓаните да се обезбедат со неопходните проукти за најмалку три дена