Моментално светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен победувајќи го Германецот Александер Зверев со 6:3, 7:6 (7/4), 6:3 во финалето играно во неделата.
Во мечот кој траеше два часа и 45 минути, Синер двапати му го одзема сервисот на Зверев, што му беше доволно за победа, еднаш во првиот и еднаш во третиот сет. Во вториот сет ниту еден играч не го загуби воведниот сервис и одлуката дојде во тај-брејкот, во кој Синер беше подобар.
За 23-годишниот Италијанец ова е негова 21 последователна победа и трета грен-слем титула севкупно, откако исто така го освои УС Опен во 2024 година.
Благодарение на победата, Синер сега е најуспешниот играч во историјата на својата земја со три грен-слем титули, пред неговата сонародничка Никол Пјетраанџели, победничка на Ролан Гарос во 1959 и 1960 година.
Веќе во 2024 година, Синер стана првиот Италијанец кој го освои Австралија Опен и го зазеде местото на светскиот играч број еден. Во неделата тој ја забележа 21-та последователна победа, најдолга низа на успех во кариерата.
По двата неуспеха, во финалето на УС Опен во 2020 година и на Ролан Гарос 2024 година, 27-годишнио Александер Зверев во неделата во Мелбурн го претрпе третиот пораз во исто толку натпревари за титулата на еден од грен-слем турнирите.
Слични новости
Лука Дончиќ допатува во Лос Анџелес и порача дека доаѓа за да освојува титули
Лејкерс денеска му посакаа добредојде на Дончиќ, кој рече дека кошарката му значи се, без оглед каде игра. „Ќе играм со истата радост, истата страст и истата цел – да освојувам титули“ им порача Дончиќ на навивачите на Лејкерс.
Далас тешко настрада во првиот меч по трејдот на Дончиќ, голем пресврт на Бостон
Далас Маверикс, ден откако објавија дека го размениле Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, претрпеа тежок пораз на гостински терен од првиот тим во лигата Кливленд Кавалирс
Серија А: Рома и Интер во 93. минута до бод против Наполи и Милан
Наполи, лидерот во италијанската Серија А, водеше со 1:0 до 93. минута на „Олимпико“ против Рома, но последниот неделен меч од 23. коло заврши без победник