Австралискиот тенисер Алекс де Минор се пласираше во четвртфиналето на отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако го победи 10-от играч во светот Александар Бублик од Казахстан со 3:0.
Алекс де Минор беше многу убедлив против Бублик и победи со 6:4, 6:1 и 6:1, за само еден час и 32 минути.
Неговиот противник во четвртфиналето ќе биде првиот носител Шпанецот Карлос Алкараз кој претходно го победи Американецот Томи Пол со 3:0 во сетови.
Слични новости
Кливленд го победи Торонто во мајсторката и се пласираше во полуфиналето
Кливленд Кавалиерс ги победија Торонто Рапторс во седмиот решавачки меч пред своите навивачи со 114:102 и се пласираше во полуфиналето на Источната конференција каде што ги очекува тимот на Деторит.
Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години
Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.
Интер ја освои 21-та титула првак на Италија
Фудбалерите на Интер ја освоија титулата шампион на Италија откако синоќа ја победија Парма со 2:0 во натпревар од 35-тото коло на Серија А. Со тоа Интер стигна до 82 бодови, 12 бодови повеќе од второпласираниот Наполи на 3 кола до крајот на натпреварувањето што е недостижна предност.


