На австралиските тинејџери кои се под 16 години ќе им бидат затворени профилите на Инстаграм, Фејсбук и Трејдс, како и на некои други социјални мрежи, пренесува Би Би Си. Компанијата Мета која е сопственик на овие три социјални мрежи соопшти дека почна да ги известува корисниците на возраст од 13 до 15 години дека нивните профили ќе бидат деактивирани од 4-ти декември.

Забраната за социјални мрежи за помлади од 16 години ќе стапи во сила на 10 декември, а се однесува на платофрмите како што се ТикТок, Јутјуб, Икс и Редит. Австралискиот премиер Ентони Аланезе рече дека целта на оваа забрана е на децата да им се дозволи да бидат она што се -деца.

Мета и другите компании се противат на мерката на австралиските власти, но порачаа дека ќе ја почитуваат.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.