Австралиската полиција врати монета украдена од полски музеј откако завршила во рацете на колекционер во Перт.
Монетата „Holey Dollar“ од 1813 година била украдена од музеј во Торун во северно-централна Полска во периодот меѓу 2011 и 2018 година, што ги натера полските власти да започнат глобална потрага, објави во понеделникот австралиската федерална полиција (AFP).

Монетата најпрво била извезена во Германија, каде била понудена на продажба на две аукции. Оттаму заминала во австралиски Мелбурн, каде што на наддавање му била продадена на колекционер во Перт за 525.000 австралиски долари (319.000 евра), пренесува AFP.
Монетата доброволно ѝ е предадена на полицијата, пренесе австралиската полиција, додавајќи дека ниту една од австралиските страни не знаела дека е украдена.
На церемонија им беше вратен на претставниците на полската влада.
Монетата е искована од шпански сребрен долар од 1777 година за време на владеењето на шпанскиот крал Карло III. Монетата, исто така, има значење за Австралија, бидејќи доларите познати како „Holey Dollar“ беа создадени за да се реши недостигот од монети во сојузната држава Нов Јужен Велс.
Слични новости
Оскар за најдобар филм за „Анора“, Медисон и Броди најдобри актерка и актер
Најдобар филм на 97. Оскари освои филмот „Анора“, за кој награди добија и режисерот Шон Бејкер и главната актерка Мајки Медисон, додека наградата за најдобар актер му припадна на Адриен Броди за филмот „Бруталист“
Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?
Промената на продуцентската куќа предизвика бран шпекулации меѓу обожавателите на франшизата Џејмс Бонд, а актери како Џејмс Нортон, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба често се споменуваат како водечки кандидати
Естонецот им се извини на Италијанците навредени од неговата евровизиска песна
Естонскиот евровизиски претставник Томи Кеш им се извини на Италијанците откако неговата песна „Espresso Macchiato“, испеана на лош италијански, налути дел од јавноста во медитеранската земја