Австралиската полиција врати монета украдена од полски музеј откако завршила во рацете на колекционер во Перт.
Монетата „Holey Dollar“ од 1813 година била украдена од музеј во Торун во северно-централна Полска во периодот меѓу 2011 и 2018 година, што ги натера полските власти да започнат глобална потрага, објави во понеделникот австралиската федерална полиција (AFP).

Монетата најпрво била извезена во Германија, каде била понудена на продажба на две аукции. Оттаму заминала во австралиски Мелбурн, каде што на наддавање му била продадена на колекционер во Перт за 525.000 австралиски долари (319.000 евра), пренесува AFP.
Монетата доброволно ѝ е предадена на полицијата, пренесе австралиската полиција, додавајќи дека ниту една од австралиските страни не знаела дека е украдена.
На церемонија им беше вратен на претставниците на полската влада.
Монетата е искована од шпански сребрен долар од 1777 година за време на владеењето на шпанскиот крал Карло III. Монетата, исто така, има значење за Австралија, бидејќи доларите познати како „Holey Dollar“ беа создадени за да се реши недостигот од монети во сојузната држава Нов Јужен Велс.
Слични новости
Рик Хофман се враќа во Сјутс ЛА
Актерот Рик Хофман кој го играше адвокатот Луис Лит во деветте сезони на хит серијата Сјутс, ќе се појави и во спин офот на серијата Сјутс ЛА во улога на истиот лик.
Метју Модин прифати улога во новиот филм за Годзила и Кинг Конг
Познатиот актер Метју Модин постигнал договор со студиото Леџендари за да глуми во новиот филм за Годзила и Кинг Конг, чие снимање почнува во април во Австралија.
Карлсен ги продаде контроверзните фармерки за 36.100 долари
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да игра на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари