Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.

Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Слични новости

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.