Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.
Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.
Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Слични новости
Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата
Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.
„Безбеден град“ регистрирал вкупно 650 сообраќајни прекршоци
Изречени се 61 забрана за управување моторно возило, со цел да се зајакне безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите
Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.