Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.

Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Слични новости

Продолжува судењето за трагедијата во Кочани

Продолжува судењето за трагедијата во Кочани

Во судницата во Идризово продолжува судењето за случајот Пулс. Ќе се сослушуваат тројца сведоци предложени од Јавното обвинителство – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од Општина Кочани.

Поднесено обвинение против три лица за кражба на кабли од кругот на „Железара“

Поднесено обвинение против три лица за кражба на кабли од кругот на „Железара“

Скопското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против три лица кои како соизвршители минатата година на почетокот на мај украле кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.