Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.
Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.
Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Слични новости
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ пристигна во посета на Македонија
На покана на претседателката Гордана Сиљановска Давкова црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ од денеска престојува во дводневна посета на Македонија.
МВР со снимките од камерите на дискотеката “Пјур” ќе утврдува што се случило при инцидентот со полицајците
Од МВР потврдија дека ќе се бараат снимките од камерите пред дискотеката “Пјур” за да се утврди што во саботата рано наутро се случило при полициска интервенција.
Приведени четири лица за убиството во Виница
МВР соопшти дека се приведени вкупно четири лица за убиството кое е извршено во Виница. Привенени се тројца грчки и еден македонски државјанин.


