АВМУ посочува дека носителите на јавните функции во комуникацијата со медиумите треба да демонстрираат високо ниво на политичка култура и почитување на професионалните стандарди.

 Соопштението на АВМУ уследи по реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите.

 „Новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту пак новинарите смеат да се дискредитираат поради извршување на своите професионални обврски. Носителите на јавни функции имаат обврска да демонстрираат високо ниво на политичка култура, одговорност и професионалност, со што придонесуваат кон зајакнување на довербата на граѓаните и медиумите во институциите, се вели во соопштението на АВМУ.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.