Авганистан соопшти дека убилe 58 пакистански војници во ноќните гранични операции, како одговор на она што го нарекуваат нарушување на нејзината територија и воздушен простор.
Авганистанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на главниот град Кабул, јави Асошиејтед прес, но Пакистан не ја презеде одговорноста за нападот.
Главниот портпарол на талибанската влада, Забиула Муџахид, изјави дека авганистанските сили зазеле над 20 пунктови на пакистанската армија, дека 58 војници се убиени, а 30 други се ранети. Од Пакистан нема потврда за жртвите.
Пакистан претходно нападна локации во Авганистан, таргетирајќи ги, како што велат, скривалиштата на милитантите во оддалечени планински области.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


