Долго очекуваниот научно-фантастичен блокбастер на Џејмс Камерон : „Аватар: Огин и пепел“ во петокот заработи 36 милиони долари, а проекциите се дека до крајот на викендот ќе заработи меѓу 85 и 95 милиони долари во САД.

Надвор од Америка филмот на Дизни веќе ја надмина бројката од 100 милиони долари заработка.

Филмот има одлични оценки од публиката и Кинемаскор А, и покрај тоа што трае долги 3 часа и 45 минути.

Првиот Аватар од 2009 на Џејмс Камерон во премиерниот викенд заработи само 77 милиони долари, но потоа стана филм со најголема заработка во историјата на Бокс Офисот со 2,97 милијарди долари.

Слични новости

Туристите ќе плаќаат две евра за пристап до Фонтаната Треви

Туристите ќе плаќаат две евра за пристап до Фонтаната Треви

Од февруари туристите ќе мора да платат две евра за да ѝ пристапат и одблизу да ја видат култната Фонтана ди Треви, римска туристичка атракција што ќе му носи на градот 6,5 милиони евра годишно, објави во петокот, градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери