Долго очекуваниот научно-фантастичен блокбастер на Џејмс Камерон : „Аватар: Огин и пепел“ во петокот заработи 36 милиони долари, а проекциите се дека до крајот на викендот ќе заработи меѓу 85 и 95 милиони долари во САД.

Надвор од Америка филмот на Дизни веќе ја надмина бројката од 100 милиони долари заработка.

Филмот има одлични оценки од публиката и Кинемаскор А, и покрај тоа што трае долги 3 часа и 45 минути.

Првиот Аватар од 2009 на Џејмс Камерон во премиерниот викенд заработи само 77 милиони долари, но потоа стана филм со најголема заработка во историјата на Бокс Офисот со 2,97 милијарди долари.

Слични новости

Светска премиера на „Аватар: Огин и пепел“

Светска премиера на „Аватар: Огин и пепел“

Долгоочекуваниот блокбастер на Џејмс Камерон „Аватар: Огин и пепел“ во четвртокот заработи 12 милиони долари на американскиот Бокс Офис, но се предвидува до недела да ја надмине бројката од 100 милиони долари заработка во САД.