Цените на нафтата би можеле да достигнат 150 долари по барел, доколку протокот на енергентите низ Ормутскиот теснец остане пореметен до средината на мај, објави банката Џеј Пи Морган.

Американската иннвестициска банка истакна дека цената на нафтата наскоро ќе се движи меѓу 120 и 130 долари по барел, пренесе Ројтерс.

Цените на нафтата повторно скокнаа па американската сирова нафта ВТИ достигна цена од 11,50 долари по барел, со што ја престигна референтната нафта Брент која се тргуваше 109 долари по барел, до затварањето на берзите кои ќе бидат затворени поради велигденските празници.

Слични новости

ЕУ утре претставува нова визна стратегија која би можела да го реши прашањето на превозниците

Се очекува возачите од балканскиот регион да бидат изземени од правилото 90/180 дена боравок во Шенген зоната, а едно од решенијата би можело да биде за нив да се издаваат посебни визи.