Американската банка Џеј Пи Морган оствари во четвртиот квартал заработка поголема од очекуваната, затоа што банката го уновчи профитот на нестабилните пазари.
Најголемата американска банка заработи 5,23 долари по акција во тромесечјето кое заврши на 31 декември, што ги надмина прогнозите на Волстрит, објави Ројтерс.
Приходите на Џеј Пи Морган во последниот квартал на минатата година пораснаа за 17 насто, а акциите посраснаа за дури 40 насто поради зголемените приходи од сите производи.
Фиксниот приход на банката порасна за седум посто.
Слични новости
Европските акции паднаа поради очекување на повисоки каматни стапки
Акциите на аверопските берзи паднаа поради растот на цената на нафтата и стравот на инвеститорите дека ценралните банки ќе ги зголемат каматните стапки. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, а и сите регионални берзи забележуваат негативни резултати.
Иран вели дека нема вишок нафта за продажба
Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.
Лукоил во 2025 забележа пад на нето добивката за цели 45 насто
Руската енергетска компанија ЛУкоил денеска соопшти дека во минатата година забележа пад на нето добивката за 44,9 насто или вкупно 4,17 милијарди евра.


