Џенсен Хуанг се врати на челото на американската технолошка компанија Енвидија, само 11 дена откако поднесе оставка поради скандалот во врска со неговиот приватен живот и врските со жена за која американските власти се сомневаат дека има контакти со кинеската разузнавачка служба.
Враќањето на Хуанг во седиштето на компанијата во санта Клара во Калифорнија беше пропратено со бурен аплауз и овации на вработените.
Управниот одбор на Енвидија на 23 ноември едногласно донесе одлука да го врати Хуанг на функцијата претседател, генерален директор и член на управниот одбор на компанијата.
Енвидија соопшти дека одлуката била донесена по разговор со Џејсон Хуанг и консултации со високи претставници на американската влада, како и дека неговото враќање на чело на компанијата не претставува ризик по националната безбедност.
Акциите на Енвидија пораснаа за повеќе од 30 насто, што е нивни најдобар резултат од 2003-та година, пренесе Си Ен Ен. Пазарната вредност на компанијата во еден ден беше зголемена за 952 милијарди долари, а веста придонесе за силен раст на американските берзански индекси.
Слични новости
Европа се соочува со недостиг од гас
Европа е под закана од недостиг на гас, доколку американскиот претседател Доналд Трамп не постигне договор со Иран за деблокада на Ормускиот Теснец, предупреду Меѓународната агенција за енергија
Европските берзански индекси во пад
Индексите на главните европски берзи денеска се во пад, пред се како последица на загубите во американскиот технолошки сектор и нивното влијание врз европските компании.
Нафтата Брент падна на 109 долари за барел
Цената на нафтата Брент денеска во 09 и 30 часот на светските берзи падна за 3,51 насто на 109,2 долари за барел. Лесната американска нафта ВТИ падна за 3,77 насто на 100,2 долари за барел.


