Режисерот Џејмс Камерон ја освои наградата Сатурн за неговиот филм „Абватар: Огин и пепел“ за кој е номиниран и за оскар, но шансите да добие Оскар за филмот му се минимални. Камерон порача дека наградите Сатурн кои се фокусирани на жанровските филмови, секогаш му давале поддршка уште од 1984 со неговиот филм „Терминатор“.
Камерон рече дека американската фимска академија ги отфрла научно-фантастичните филмови, акциите и хорорите, но тие ги полнат кино салите и се миленици на публиката, поради што сите три филма од франшизата „Аватар“ се во финансиски најуспешните 20 филмови на сите времиња.
Том Круз ја освои наградата за најдобар актер за акциониот филм „Мисија невозможна- Финал реконинг“, а филмот ја освои и наградата за надобар акциски филм на Сатурн наградите.
Слични новости
Пол Томас Андерсон фаворит за освојување на трите важни Оскари
Познатиот режисер е фаворит за освојување на наградите за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, а доколку успее, ќе стане само 12-тиот режисер кому тоа му успеало
Серијата „Младиот Шерлок“ на Гај Ричи со лоши критики
Холивуд Рипортер оценува дека ликот на Шерлок кој го прикажува Гај Ричи, заснован врз книгите на Ендрју Лејн, речиси и да нема допирни точки со ликот на славниот детектив од романите на Артур Конан Дојл
Голема конкуренција кај рок легендите за годинешниот прием во „Куќата на славните“
Меѓу номинираните се британскиот бенд „Оејзис“ „Џој Дивижн“ и Њу Ордер“ кои се всушност ист бенд и се всушност еден кандидат, Мараја Кери, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Фил Колинс и Шаде.


