Режисерот Џејмс Камерон ја освои наградата Сатурн за неговиот филм „Абватар: Огин и пепел“ за кој е номиниран и за оскар, но шансите да добие Оскар за филмот му се минимални. Камерон порача дека наградите Сатурн кои се фокусирани на жанровските филмови, секогаш му давале поддршка уште од 1984 со неговиот филм „Терминатор“.

Камерон рече дека американската фимска академија ги отфрла научно-фантастичните филмови, акциите  и хорорите, но тие ги полнат кино салите и се миленици на публиката, поради што сите три филма од франшизата „Аватар“ се во финансиски најуспешните 20 филмови на сите времиња.

Том Круз ја освои наградата за најдобар актер за акциониот филм „Мисија невозможна- Финал реконинг“, а филмот ја освои и наградата за надобар акциски филм на Сатурн наградите.

Слични новости

Доминација на Пол Томас Андерсон и неговиот филм „Една битка по друга„ на доделувањето на најзначајните филмски награди Оскарите

Доминација на Пол Томас Андерсон и неговиот филм „Една битка по друга„ на доделувањето на најзначајните филмски награди Оскарите

„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите. Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.