Оснивачот на Амазон Џеф Безос им поднесе на регулаторите пријава за планирана продажба на околу 15 милиони акции на компанијата Амазон, чија пазарна вредност изнесува околу 4,1 милијарди долари.

Веста е објавена само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа историски максимум, благодарение на кварталните резултати кои беа подобри од очекувањата и ја зголемија пазарната вредност на компанијата на близу 3 билиони долари, пренесува Си Ен Би Си.

По објавата дека Безос продава 15 милиони акции, на Волстрит акциите на Амазон паднаа за два проценти.

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.