Сопствениците на фудбалскиот клуб Ливерпул групацијата „ Fenway Sports Group“ постигна договор за продажба на третина од клубот на конзорциум во кој е оснивачот на Амазон и милијардерот Џеф Безос, пренесоа британските медиуми.
Американскиот бизнисмен Безос е четвртиот најбогат човек на светотсо проценето богатство од 256 милијарди долари.
Тој нема да биде член на Управниот одбор на Ливерпул, а продажбата на акциите нема да влијае врз трансфер политиката на клубот, пренесе Би Би Си.
Вредноста на Ливерпул е проценета меѓу 5 и 6 милијарди фунти, а FSG во 2010 го купи Ливерпул за 300 милиони фунти.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
