На американскиот претседател Доналд Трамп му се претставени дополнителни воени опции за напад врз Иран со цел да им се нанесе дополнителна штета на иранските нуклеарни и ракетни програми, како и да се ослабне врховниот водач на земјата ајатолахот Али Хамнеи, пишува Њујорк тајмс.

Повикувајќи се на извори во американската администрација веснико пишува дека меѓу опциите кои се разгледуваат се потенцијални напади на американските трупи врз објекти во Иран, иако претседателот Трамп сеуште не донел одлука за тоа дали ќе изврши напад.

Официјални претставници на администрацијата наведуваат дека Трамп зазема сличен пристап кон Иран како кон Венецуела, натрупувајќи сили во близина, додека му се заканува на лидерот на земјата да ги прифати неговите барања или во спротивно ќе се соочи со воена акција.

 

Слични новости

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.