„Њујорк тајмс“, објави информации дека новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи, е ранет во нозете на првиот ден од војната во Иран, на 28 февруари.
Повредата се случила за време на нападот врз станбен комплекс каде што се наоѓале неговиот татко и сопруга, кои загинаа. Степенот на повредата на Хамнеи сè уште не е јасен.
Тој се наоѓа на високо безбедна локација со ограничена комуникација, но според службени лица е во состојба на готовност.
Синот на иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, објави дека Хамнеи е добро и безбеден, иако е повреден.
Вчера, новиот врховен лидер беше претставен на масовен митинг во Техеран со негова фигура изработена од картон.
Слични новости
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
