Кошаркарите на Њујорк го победија на гостински терен тимот на Сан Антонио со резултат 105:95 во првиот натпревар од финалето на НБА лигата. Њујорк направи брејк и поведе со 1:0 во финалната серија која се игра до четири победи.

Најефикасен во редовите на Њујорк беше Џејлен Бронсон со 30 поени, Карл Ентони Таунс даде 18 поени со 12 скокови, а Ануноби постигна 17 поени за победничкиот тим.

Кај домаќините најдобар беше Виктор Вембенјама со 26 коша и 12 скокови, а Стефон Касл постигна 17.

Вториот натпревар се игра во сабота, а домаќин повторно ќе биде Сан Антонио.

Слични новости