Њујорк Никс утринава го победи тимот на Чикаго Булс со 128:116, прекинувајќи ја низата од три порази по ред, и нанесувајќи им го првиот пораз во сезоната на Чикаго. Њујорк постигна најмногу кошеви оваа сезона, а беше предводен од Џејлен Брансон кој даде 31 кош. Центарот Карл Ентони Таунс имаше 20 коша и 15 скокови.

Клучен за победата на Њујорк се покажа и придонесот на играчите од клупата на Никси кои постигнаа 46 коша, наспроти просекот од 18 во последните три меча. Чикаго Булс влегоа во натпреваот и како тим кој најдобро брани шутеви за тројка, но Никси им уфрлија дури 20 од кои 13 во првото полувреме.

Кај Чикаго Џош Гиди имаше трипл дабл со 23 коша 12 скока и 12 асистенции, а Никола Вучевиќ постигна 17 поени со 12 скокови.

Слични новости

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови