Њукасл ја подготвува понудата за играчот за врска на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча, а првите контакти со 25 годишниот германски репрезентативец се веќе остварени, пренесе Скај спорт.

Њукасл е заинтересиран за Нмеча откако средниот ред на Њукасл го напуштија Бруно Гимараеш и Сандро Тонали.

Њукасл летово обезбеди големи средства со продажбата на Антони Гордон во Барцелона за 80 милиони евра, Сандро Тонали во Тотенхем за 108 милиони евра и Бруно Гимараеш во Арсенал за 87 милиони евра.

Според инфромациите Борусија Дортмунд е подготвена да дискутира за продажба на Нмеча за цена меѓу 100 и 120 милиони евра.

Слични новости

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.