Јута Џез иако без најдобрите играчи ги изненади Лејкерс на гостувањето во Лос Анџелес со 109:97 и така ја прекина низата на Лејкерси кои до овој меч имаа девет последователни победи.

Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ кој забележа дабл-дабл со 30 коша и 10 асистенции.

Кај Лејкерс најефикасен беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ со 29 коша, но со лош шут за тројка 2 од 12.

И покрај поразот Лејкерси се први во Западната конференција со 13 победи и 3 порази, а Јута е на претпоследното место со само три победи во досегашниот тек на сезоната.

Слични новости