Јута Џез иако без најдобрите играчи ги изненади Лејкерс на гостувањето во Лос Анџелес со 109:97 и така ја прекина низата на Лејкерси кои до овој меч имаа девет последователни победи.

Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ кој забележа дабл-дабл со 30 коша и 10 асистенции.

Кај Лејкерс најефикасен беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ со 29 коша, но со лош шут за тројка 2 од 12.

И покрај поразот Лејкерси се први во Западната конференција со 13 победи и 3 порази, а Јута е на претпоследното место со само три победи во досегашниот тек на сезоната.

Слични новости

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.