Екипата на Јута Џез која изминатиот период размени големи ѕвезди за целосен рибилд на тимот, во зимскиот преоден рок се откажаод три први пикови на драфтот за да донесе четворица играчи од Мемфис.

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.

Јута добива многу поголем квалитет во трампата, но таа вклучува дури три први пика на драфтот кои сега му припаѓаат на Мемфис кој реши да прави рибилдинг на тимот, по проблемите со Џа Морант, за кои се зборува дека исто така може да биде трејдуван.

Слични новости

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша