Италијанскиот медиуми пишуваат дека Јувентус договорил продолжување на соработката со напаѓачот Душан Влаховиќ и тренерот Лучиано Спалети. Се очекува двајцата да потпишат договори до летото 2028.
Влаховиќ се согласил на намалување на платата и ќе заработува 7 милиони евра годишно, наместо досегашните 10, а Спалети треба да потпише договор на 6 милиони евра за наредната сезона.
Влаховиќ беше во последната година од договорот и постоеше опасност да замине од Јувентус без обештетување.
Според италијанските медиуми Спалети ја одиграл клучната улога за Влаховиќ да остане во Торино.
Слични новости
Вечерва на „Паркот на принцовите“ првото полуфинале од Лигата на шампионите
Вечерва од 21 часот на Паркот на принцовите во Париз се игра првиот полуфинален меч меѓу бранителот на титулата Париз Сен Жермен и Баерн од Минхен.
Денвер избори шести меч против Минесота со трипл дабл на Никола Јокиќ
Кошаркарите на Денвер нагетс утринава ги победија Минесота Тимбервулфс со 125:113 и намалија во серијата до 4 победи на 3:2. Кај Денвер најдобар поединец беше Никола Јокиќ со 27 коша, 16 асистенции и 12 скокови. Џамал Мареј постигна 24 коша, а Спенсер Џоунс 20.
Јувентус го купи Џоел Ордоњез од Бриж за 40 милиони евра
Јувентус испрати понуда од 40 милиони евра до Бриж за еквадорскиот стопер Џоел Ордоњез кој има договор со Бриж до 2029 година. ЕСПН објави дека Бриж ја прифати понудата на Јувентус за 22 годишниот талент


