Фудблаерите на Јувентус го победија Наполи со 2:0 на домашен терен во 10-тото коло од Серија А. Водството на Јувентус им го донесе босанскиот фудбалер Керим Алајбеговиќ во 70-тата минута, а конечниот резултат во 87-та го постигна Жереми Бога.
На тој начин тренерот на ЈУвентус Лучано Спалети го „преживеа“ натпреварот кој ако не го добиеше ќе доведеше до негов отказ, а огромниот притисок сега е префрлен врз неговиот колега од Наполи Масимилијано Алегри.
Јувентус сега е седми на табелата во Серија А со 17 бодови, 11 помалку од водечкиот Лацио. Наполи е во уште полоша позиција со само 14 бодови, а особено загрижува што тимот нема игра, што отвара многу прашања околу иднината на Алегри на клупата од тимот.
Алегри минатата сезона доби отказ во Милан, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
