Јувентус е во големи проблеми, откако тимот на Лучано Спалети по 11 кола во Серија А е на седмата позиција на табелата со само 18 освоени бодови.
Речиси е сигурно дека Јувентус нема да може да се бори за титулата и целиот фокус е префрлен на обидо екипата да се врати во Лигата на шампионите.
Газето дела спорт пишува дека Јувентус во јануари ќе се обиде да доведе тројца нови фудбалери: напаѓач, центраелн фудбалер за врска и лев бек.
Главна цел за доведување напаѓач на Јувентус е Алекдандар Серлот од Атлетико Мадрид, кој ја загуби стартната позиција во тимот.
Слични новости
Ембапе се проби во топ 5 стрелците на Лигата на шампиони на сите времиња
Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.