Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска го победија Торонто Рапторс со 128:102 и со тоа ја остварија четвртата победа од новата сезона на НБА лигата. Денвер го предводеше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој постигна 32 коша, 11 асистенции, и 10 скокови.
Јокиќ играше само три четвртини од натпреварот додека Денвер се одлепи на безбедна разлика, а за помалку од 30 минути на теренот го оствари третиот трипл-дабл сезонава и 201-от во кариерата.
Кај Денвед со двоцифрен учинок беа уште шестминакошаркаримеѓу кои Брајс Хопкинс со 18, Арон Гордон со 17 и Џамал Мари со 14 коша.
Кај Торонто наефикасен беше Ар Џеј Барет со 22 коша, а Скоти Барнс постигна 17.
Слични новости
Јувентус го победи Наполи со 2:0 и засега е спасен Спалети на клупата
Фудблаерите на Јувентус го победија Наполи со 2:0 на домашен терен во 10-тото коло од Серија А. Водството на Јувентус им го донесе босанскиот фудбалер Керим Алајбеговиќ во 70-тата минута, а конечниот резултат во 87-та го постигна Жереми Бога.
Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 200-ти трипл дабл во НБА лигата
Српскиот центар Никола Јокиќ го постигна за Денвер 200-иот трипл дабл во кариерата, откако на гостувањето во Њу Орлеанс постигна 21 кош, 13 скокови и 10 асистенции. На Јокиќ му се потребни уште 10 трипл-даблови оваа сезона за да го престигне Расел Вестбрук и да избие на првото место на вечната листа на НБА.
Ливерпул по пенал драма го елиминираше Челси во англискиот куп
Фудбалерите на Ливерпул го елиминираа Челси и се пласираа во четвртфиналето на англискиот куп, откако одиграа нерешени 1:1, а потоа на победија на пенали по дури 8 серии со 6:5.


