Економијата на Јапонија во третиот квартал од годинава го забележа првиот пад, откако растот на трошоците за живот и поскапиот увоз на енергенти влијаеа врз намалување на потрошувачката на домаќинствата и слабеење на надворешната трговија, покажуваат денеска објавените податоци на јапонската влада.

Реалниот БДП на Јапонија е намален за 0,1 насто на годишно ниво во преиодот од јули до септември, во споредба со минатиот квартал, додека економистите очекуваа раст од 0,2 насто, пренесува Блумберг.

Потрошувачката на домаќинствата која претставува најголема компонента на растот на БДП-то падна за 0,3 насто.

Скапиот увоз на нафтата и слабиот јен дополнително ја оптоварија економијата, а нето извозот е намален за 0,6 насто.

 

Слични новости

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка

Третиот танкер со руски дизел го смени курсот и се откажа од пловидбата кон САД, со што е доведено во прашање испораката на горивото договорена меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.