Економијата на Јапонија во третиот квартал од годинава го забележа првиот пад, откако растот на трошоците за живот и поскапиот увоз на енергенти влијаеа врз намалување на потрошувачката на домаќинствата и слабеење на надворешната трговија, покажуваат денеска објавените податоци на јапонската влада.

Реалниот БДП на Јапонија е намален за 0,1 насто на годишно ниво во преиодот од јули до септември, во споредба со минатиот квартал, додека економистите очекуваа раст од 0,2 насто, пренесува Блумберг.

Потрошувачката на домаќинствата која претставува најголема компонента на растот на БДП-то падна за 0,3 насто.

Скапиот увоз на нафтата и слабиот јен дополнително ја оптоварија економијата, а нето извозот е намален за 0,6 насто.

 

Слични новости

Инфлацијата во Франција го достигна највисокото ниво од јануари 2024

Инфлацијата во Франција го достигна највисокото ниво од јануари 2024

Годишната стапка на инфлацијата во Франција забрза во октомври на 3,4 од септемвриските 3,1 насто, што е највисока стапка на инфлација од јануари 2024, покажува денеска објавениот извештај на Националниот институт за статистика на Франција.

Економистите предупредуваат на раст на јавниот долг во Германија поради воената потрошувачка

Економистите предупредуваат на раст на јавниот долг во Германија поради воената потрошувачка

Се очекува германската воена потрошувачка нагло да порасен и дека во 2027 ќе достигне околу 110 милијарди евра, при што голем дел од тој износ ќе биде финансиран со ново задолжување.